Почитувани,

Со особено задоволство Ве покануваме на едукативен семинар во организација на Здружението на физиотерапевти на Р.Македонија, а во соработка со Клиничката Болница Аџибадем СИСТИНА од Скопје на 08.09.2018 год. со почеток во 09.00 часот, на тема:

РЕХАБИЛИТАЦИЈА ВО ОРТОПЕДИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА

Програма:

08:30 – 09:00 Регистрација на учесниците

09:00 – 09:10 Отварање на семинарот

09:10 – 09:30 Прва помош при трауматолошки повреди - Д-р. Даниел Јакимовски (спец. по општа хирургија).

09:30 – 09:50 Третман на повреда на преден вкрстен лигамент кај педијатриски пациенти - Д-р Михајло Ивановски (спец. по трауматологија).

09:50 – 10:10 Рехабилитација после хируршки третман на преден вкрстен лигамент - Дипл. Фт. Мартин Талески

10:10 – 11:10 Политраума и рехабилитација во политраума- Проф. Д-р Јордан Савески (спец. по трауматологија).

11:10 - 11:30 Фрактури на карлица кај политрауматизирани пациенти Д-р Неда Трајковска (спец. трауматолог)

11:30 - 11:40 Дискусија

11:40 - 12:00 Кафе пауза

12:00 - 12:20 Артроскопско решавање на остеохондрални повреди на скочен зглоб - Д-р Борислав Илиев (спец. по ортопедија).

12:20 - 12:40 Рана рехабилитација после ендопротетизација на зглобот на колкот - Дипл Фт. Марија Митковска

12:40 - 13:00 Модалитети кои се применуваат во трауматолошка рехабилитација – Д-р Аница Хаџи Петрушева Јанкиевиќ (спец.по физикална медицина и рехабилитација).

13:00 - 13:15 Прва помош и рана рехабилитација кај спортски повреди - Дипл. Фт. Влатко Илиески

13:15 - 13:30 Дискусија

13:30 - 13:40 Завршен говор и доделување на Сертификати 14:00 Свечен коктел

 

Место на одржување:

Амфитеатар - Клиничка Болница Аџибадем Систина Ул. Скупи б.б Скопје

Членовите на ЗФРМ се ослободени од котизација за учество на семинарот!

Котизација за останати заинтересирани учесници на семинарот изнесува 1000.00 ден. Уплатата на котизацијата потребно е да ја извршат на жиро сметка на Здружението. Сите заинтересирани учесници на семинарот, поради организацијата на настанот, потребно е да го најават своето присуство најдоцна до 04.09.2018 кај Секретарот на ЗФРМ, Александар Димитровски: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Со почит, З Ф Р М

Идни настани

No events found