Почитувани колеги,

Денешната рехабилитација е незамислива без нас, физиотерапевтите. Модерниот начин на живот, недоволната физичка активност, честите заболувања на локомоторниот систем, ректеативното спортување ја наметува нашата потреба во болниците, рехабилитационите центри и спортските терени. Тоа ја диктира нашата неопходност од континуирани едукации за нови начини на третман и нашата меѓусебна постојана соработка.

Со членство во нашето здружение Вие би биле константно информирани за актуелнните случувања во областа на физиотерапијата што би довело до унапредување на Вашите знаења и усовршување на Вашите техники како физиотерапевт. Во здржението членуваат физиотерапевти со завршено образование, како и ученици и студенти во завршна година на образованието. Членството е со симболична партиципација со која го потпомагате здружението и неговиот развој и имате попуст при котизација на активности организирани од здружението.

- Преземи ја пристапницата овде

- Уплатница - Пример за уплата на чланарина овде

 Напомена: Ве молиме пополнетата пристапницата и копијата од уплатницата со извршената уплата за чланарина, да се испратат по електронски пат или по пошта на адресата на здружението.

Идни настани

No events found